Филипче: Посакувам оваа година да е пред сѐ мирна и безбедна
- Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје им го честиташе Христовото раѓање - „Божиќ“ на сите граѓани кои го слават празникот.
- Post By Блаже Дарудов
- 13:26, 7 January, 2025
Скопје, 7 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје им го честиташе Христовото раѓање - „Божиќ“ на сите граѓани кои го слават празникот.
- Посакувам мирни празнични денови, онака како што налага традицијата, во кругот на семејството, пријателите и блиските, рече Филипче.
Тој додаде дека светот во којшто живееме се менува многу динамично и драстично и затоа посака годината да биде пред се мирна и безбедна.
- Во многу места на светот има војни и во таа смисла, посакувам оваа година да е пред сѐ мирна и безбедна. А, ние тука кај нас, во нашето мултикултурно и мултинационално општество, различни какви што сме, различностите да ги сфатиме како предност, како една придобивка, на демократијата и во таа смисла, сите заедно да работиме за и државата и општеството да ги направиме подобро, помирно, поправедно и побогато место за живеење, подвлече Филипче. бд/бак/
Фото и видео: МИА