• Thursday, 17 October 2024

Тројца загинати и петмина повредени во сообраќајката на автопатот Скопје - Велес

Тројца загинати и петмина повредени во сообраќајката на автопатот Скопје - Велес

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Три лица загинаа, а пет се повредени во сообраќајката што се случи попладнево на автопатот Скопје - Велес, велат од МВР за МИА. Несреќата е пријавена во 17.45 часот, а до неа дошло откако на автопатот Скопје - Велес, пред тунелот, се превртело комбе.

-До сега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител, изјавија од МВР за МИА.

Според АМСМ, поради сообраќајката се блокирани двете сообраќајни ленти на автопатот Скопје - Велес. Сообраќајот е во прекин од 17.45 часот и се пренасочува преку Петровец - Велес (по стариот пат), Миладиновци - Св.Николе - Велес - Штип. мч/аа/

фото: МИА архива