• Friday, 18 October 2024

Изложба на академската уметница Валентина Илијевска во Уметничка галерија Куманово

Изложба на  академската уметница Валентина Илијевска во Уметничка галерија Куманово

Куманово, 17 октомври 2024 (МИА) - „Принцип на квадрат“ е насловена изложбата на академската уметница Валентина Илијевска која што ќе биде отворена вечерва во 20:00 часот во салонот на Уметничката галерија Куманово.

- Станува збор за продукција од 20 ликовни дела, слики, работени во техника акрил на платно, во актуелната 2024 година, кои тематски се надоврзуваат на нејзиниот претходен ликовен наратив. Изложбата е дел од програмските активности на музејот во Куманово, поддржана од Министерството за култура и туризам. За јавноста ќе биде отворена до крај на месец октомври, изјави Драгана Спасковска од Уметничката Галерија при НУ Музеј Куманово.

Илијевска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ)-Скопје, оддел графика и графички техники со насока на конзервација и реставрација. Таа е магистер по конзервација и реставрација на ѕидно сликарство. 2021 Моментално е на трет циклус на студии-докторски студии при Институт за македонска литература-Скопје на катедрата на културолошки студии. Илијевска е член на ДЛУМ и на ИКОМОС. Учествувала на бројни групни изложби во земјава и странство и реализирала самостојни изложби.

Живее и работи во Куманово како конзерватор и реставратор при кумановско-осоговска епархија во дел за заштита на културното наследство. ам/дма/


Фото: Плакат