• Friday, 03 April 2026

Стрмљен: Публиката да биде нашиот осми играч за нова победа над Олимпијакос

Стрмљен: Публиката да биде нашиот осми играч за нова победа над Олимпијакос

Охрид, 2.април 2026 (МИА) – Македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот куп ГРК Охрид в сабота го игра реванш дуелот од четвртфиналето против Олимпијакос на домашен терен. На првиот дуел во Атина охриѓани постигнаа победа од 31:26.

-  Не очекува нов тежок натпревар, знаеме дека Олимпијакос е квалитетен тим. Петте голови предност знаеме дека во ракометот може и да не се ништо и да се направи пресврт. Сепак се надевам дека ние ќе победиме и во реваншот. Публиката треба да биде нашиот осми играч, за нов триумф над Олимпијакос, изјави средниот бек Тилен Стрмљен.

Од раководството на клубот информираа дека за саботниот натпревар има уште малку влезници. Исто така сите влезници се нумерирани, а сезонските карти не важат за натпреварите од ЕХФ Европскиот Куп и влезот за деца се наплаќа.

Почетокот на натпреварот е во 18 часот, а судии се Борис Мандак и Марио Рудински од Словачка.   мн/

Фото: МИА