• Friday, 03 April 2026

Башкими и Тиквеш одиграа нерешено со четири гола во вториот дел

Башкими и Тиквеш одиграа нерешено со четири гола во вториот дел

Куманово, 2.април 2026 (МИА) – Во првиот натпревар од 25.коло од ПФЛ одигран попладнево во Куманово Башкими и Тиквеш одиграа нерешено 2:2 и сите четири голови беа постигнати во вториот дел. Двете екипи освоија по еден бод и останаа на своите позиции, кои ги имаа и пред ова коло. Тиквеш е петти со 37 бодови, а Башкими шести со 36.

Гостите поведоа во 54.минута преку интернационалецот од Гвинеја Н’Фанли Сила. Башкими преку Емануел Аворнио во 56.минута пропушти да изедначи откако интернационалецот од Гана не искористи пенал. Истиот фудбалер во 59.минута постигна гол за изедначување, а во 75.минута по вторпат ја тресе мрежата на Тиквеш за 2:1. Сепак гостите до еден бод стигнаа со голот на Тохеб Лавал во 90+2 минута.

Утре од 15:30 часот се играат два дуела од 25.коло: Силекс – Шкупи и Брера – Арсими. Во сабота играат: Шкендија – Пелистер и Вардар – Македонија ЃП, а во недела играат Струга ТЛ – Работнички. мн/

Фото: ФФМ