Италија „го гледа“ Гвардиола како следен селектор
- Фудбалската репрезентација по третпат не е учесник на Светско првенство, а сето тоа е најава за многу промени на водечките позиции
- Post By Спорт Инфо
- 17:28, 2 April, 2026
Рим, 2.април 2026 (МИА) – Фудбалската репрезентација по третпат не е учесник на Светско првенство, а сето тоа е најава за многу промени на водечките позиции. Се очекува оставка на претседателот на федерацијата Габриел Гравина, а секако заминување ќе има и на селекторот Џенаро Гатузо.
Според „Газета дело спорт“ за позицијата на Гатузо најсериозни кандидати се: Роберто Манчини и Антонио Конте. Манчини го знае притисокот особено што Италија под негово водство стана европски шампион во 2021 година.
Сепак истиот извор смета дека и странец е опција за селекторската позиција, а тука во преден план е Пеп Гвардиола.
Неговиот договор со Манчестер Сити истекува следното лето, но не е исклучено Шпанецот да си замине и летово.
Од друга страна се поставува и прашањето дали Гвардиола ќе прифати да биде дел од репрезентативниот фудбал. мн/
Фото: ЕПА