Со употреба на сила влегле во стан во Гази Баба и одзеле пари од возрасна жена и нејзиниот внук
- Две лица со употреба на сила, вчера, на подрачје на Гази Баба влегле во стан каде што живеела Р.А.(65) со нејзиниот малолетен внук и физички со метален предмет го нападнале внукот и им одзеле пари.
Скопје, 23 декември 2024 (МИА) – Две лица со употреба на сила, вчера, на подрачје на Гази Баба влегле во стан каде што живеела Р.А.(65) со нејзиниот малолетен внук и физички со метален предмет го нападнале внукот и им одзеле пари.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил околу 6:45 часот во станот, каде што Р.А. живеела како потстанар.
– На 22.12.2024 околу 10.00 часот во СВР Скопје, Р.А.(65) од Скопје пријавила дека околу 06.45 часот во станот на подрачје на Гази Баба, каде што живеее како потстанар со нејзиниот малолетен внук, две лица со употреба на сила влегле во станот, физички и со метален предмет го нападнале внукот и им одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението на МВР. ра/ев/
Фото: МИА архива