Роналдо фудбалер на годината на Блискиот исток
- Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо е добитник на наградата „Глоб Сокер“ за најдобар фудбалер на Блискиот Исток во 2024 година.
Ријад, 27 декември 2024 (МИА) – Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо е добитник на наградата „Глоб Сокер“ за најдобар фудбалер на Блискиот Исток во 2024 година.
Португалската фудбалска ѕвезда ја освои оваа награда и минатата година.
Во конкуренција за наградата беа и Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Ал-Хилал), Ријад Марез (Ал-Ахли), Салем Ал Даусари (Ал-Хилал), Мурад Батна (Ал-Фатех), Каку (Ал-Аин) и Суфјан Рахими (Ал-Аин).
Триесетидеветгодишниот Роналдо постигна 35 голови на 31 натпревари за Ал-Наср во 2024 година.
За саудискиот клуб настапува од јануари 2023 година. ег
ФОТО: Икс