Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска ги демантира обвинувањето за опструкција на седницата за даночните решенија
- Претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска денеска демантира дека Советот на Општина Куманово прави опструкција во врска со договорениот став да се свика седница. Таа вели дека седницата ќе биде порано од планираното ќе се одржи на која ќе на 25.2.2026 година, на која ќе биде ставена точка за проблемот на нашите сограѓани во врска со даночните решенија од УЈП.
Куманово, 12 февруари 2026 (МИА) - Претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска демантира дека Советот на Општина Куманово прави опструкција во врска со договорениот став да се свика седница. Таа вели дека седницата ќе биде порано од планираното ќе се одржи на 25.2.2026 година, на која ќе биде ставена точка за проблемот на нашите сограѓани во врска со даночните решенија од УЈП.
Ѓорѓиевска вечерва во соопштение „нагласува дека веќе се одржани две координативни средби, на кои биле информирани за проблемот, посочувајќи дека им ветиле дека ќе ја стават нивната точка на дневниот ред. Групата инсистирале да биде порано од предвидената и во меѓувреме претседателката координирала да се подготват дополнителни можни точки, за да седницата не биде само со нивната точка, затоа што не е вонредна“.
- Во понеделникот им беше понудено на 17 февруари, годинава да се направи седница со неколку точки, а нивната да биде прва на која тие ќе елаборираат, ќе се дискутира и ќе се пратат препораки и заклучоци до институции. Имам докази дека понудата е одбиена од нивна страна, благодарат на мојата јавно искажана поддршка и дека се сложуваат точката да биде ставена на редовната седница на 25.02.2026, појаснува Ѓорѓиевска.
Таа укажува дека не станува збор за „купување на време“, ниту „опструкција“, ниту „извисување“, туку за организирање на седници според деловникот за работа на Советот.
- Замолувам организаторите на протестите да не манипулираат со кумановската јавност, да се координираат при давање на вакви лажни изјави и ги поканувам на 25.02.2026 г. да го елаборираат својот проблем, а ние како Советот да помогнеме во рамките на нашите надлежности, додава Ѓорѓиевска. ам/лв/
Фото Општина Куманово