МИА Најави МКД
- 13 февруари 2026
13 февруари 2026
Минхен - Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министрите за одбрана Владо Мисајловски, за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за внатрешни работи Панче Тошковски ќе престојува во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
Скопје - Свечено доделување на традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи по повод 79 години од неговото основање со музички настап на Добрила Грашеска (вокал) и Бранислав Николов (гитара). (ДПМ/12:00)
Скопје - Завршен настан од натпреварот „Античка приказна инспирирана од фотографија“, во организација на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет (Филозофскиот факултет-Свечена сала/12:00)
Скопје - 24-тото јубилејно издание на Дебармаалските средби и серенади посветени на воспевање на виното и љубовта, по повод Св. Трипун и Св. Валентин. (Мостот кај Жабарот/13:00)
__________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***