• Monday, 29 July 2024

Пожар во паркирано моторно возило во Дебар

Пожар во паркирано моторно возило во Дебар

Дебар, 27 јули 2024 (МИА) - Пожар во паркирано моторно возило е регистриран во Дебар, по што интервенирала противпожарната единица.

- Вчера наутро, во 6:24 часот во Одделението за внатрешни работи-Дебар е пријавено дека на улицата „Есат Мезелџиу“ во Дебар настанал пожар во паркирано патничко возило „фиат браво“ сопственост на С.С.(48) од Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Toj додава дека повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар. Истрагата околу причините е во тек. вт/дма/


Фото: МИА