• Monday, 29 July 2024

Пронајдена удавена жена кај село Миравци, претходно се оддалечила од нејзиниот дом

Пронајдена удавена жена кај село Миравци, претходно се оддалечила од нејзиниот дом

Струмица, 28 јули 2024 (МИА) - Вчера во 14:12 часот во водите на Стара река, кај местото Захват систем за наводнување на ЗЗ „Петрушка река“ била пронајдена удавена И.Д. (33) од село Миравци, Гевгелиско, која еден час претходно била пријавена дека се оддалечила од нејзиниот дом, соопштија попладнево од СВР Струмица.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на удавената жена било предадено на обдукција. рт/мд/

Фото: МИА архива