• Monday, 29 July 2024

Пожар во атарот на беровското село Будинарци, за гаснење ангажиран полициски хеликоптер „Ми 171“

Пожар во атарот на беровското село Будинарци, за гаснење ангажиран полициски хеликоптер „Ми 171“

Скопје, 28 јули 2024 (МИА) - Попладнево изби пожар на отворено во атарот на село Будинарци, Беровско, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Според него, за да се спречи ширење на пожарот во борова шума, како воздушна поддршка е испратен еден полициски хеликоптер „Ми 171“.

-На земја гаснат беровските пожарникари со подршка на екипа од ЈП „Национални шуми“, наведува АНгелов

Претходно, ЦУК соопшти дека во земјава се активни четири пожари. мч/мд/

фото: МИА архива