• Friday, 27 December 2024

Перу прогласи вонредна состојба по истекување на нафта на северот на земјата

Перу прогласи вонредна состојба по истекување на нафта на северот на земјата

Лима, 26 декември 2024 (МИА) – Владата на Перу денеска прогласи еколошка вонредна состојба во северната крајбрежна област, каде што државната нафтена компанија Петроперу минатиот викенд излеа пратка сурова нафта во околните води на Тихиот Океан.

Брод кој изведуваше маневри предизвика излевање на нафта во саботата на терминалот на перуанската рафинерија Талара во северниот дел на Перу.

Петроперу не откри колку сурова нафта се излеала во морето, но перуанската организација за заштита на животната средина ОЕФА, во прелиминарен извештај наведе дека излевањето погодило околу 10.000 квадратни метри површинска морска вода, а Министерството за животна средина соопшти дека погодило најмалку седум плажи како и локалниот див свет. јт/

Фото: Петроперу