• Saturday, 28 December 2024

Зеленски: Украина и испрати на Сирија 500 метрички тони пченично брашно

Зеленски: Украина и испрати на Сирија 500 метрички тони пченично брашно

Киев, 27 декември 2024 (МИА) - Украина, големиот светски производител и извозник на житарки и маслодајни семиња, ја испрати првата серија помош во храна во Сирија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој рече дека 500 метрички тони пченично брашно се на пат за Сирија како дел од хуманитарната иницијатива „Жито од Украина“ во соработка со Киев и Светската програма за храна на Обединетите нации.

Зеленски истакна дека во наредните недели се планира пченично брашно да биде поделено на 33.250 семејства, односно 167.000 луѓе. рп/

Фото: МИА архива