• Saturday, 28 December 2024

Беќировиќ: Западен Балкан треба да имплементира скандинавски модел на соработка

Беќировиќ: Западен Балкан треба да имплементира скандинавски модел на соработка

Сараево, 27 декември 2024 (МИА) – Го поканувам претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заедно да се свртиме кон градење мир, стабилност и соработка, а не кон провокации и измами, изјави членот на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ, по повод изјавата на српскиот претседателот, Александар Вучиќ, кој протестите во Србија ги поврза со усвојувањето на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

- БиХ и Република Србија мора да соработуваат како рамноправни држави во интерес на сите луѓе. Како земји кои меѓусебно се почитуваат и соработуваат, имаме голема можност за економски и друг напредок. Конфронтирани и искарани, осудени сме на стагнација. Да почнеме да го градиме и имплементираме скандинавскиот, а не балкански модел на соработка, истакна Беќировиќ.

Тој додаде дека БиХ не планира да се меша во внатрешните работи во Србија, како и во студентските протести, но оти ќе продолжи да ја поддржува политиката на регионална соработка.

Според него, повикот за соработка и одржување на мирот не треба да се сфати како слабост, туку како покана да работиме „во интерес на нашите деца“. ми/

фото: МИА архива