• Wednesday, 01 April 2026

Општина Центар објави повик за реализација на предучилишен музички настан - детски фестивал „Детелинка“

Општина Центар објави повик за реализација на предучилишен музички настан - детски фестивал „Детелинка“

Скопје, 31 март 2026 (МИА) - Општина Центар објави Јавен повик за реализација на предучилишен музички настан - детски фестивал „Детелинка“, соопштија утрово од локалната самоуправа.

- Ова е прв ваков фестивал, што има за цел да поттикне љубов кон музиката кај најмладите во градинките, да открие нови афинитети и таленти и да ја афирмира креативноста на воспитниот и стручниот кадар, преку јавна промоција на автентични детски песни, создадени од вработените во установите, се наведува во пишаната изјава на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

Како што појаснија од локалната самоуправа, избраниот организатор треба да обезбеди целосна реализација на настанот, вклучително јасно дефинирана агенда и сценарио, програма со оригинални детски песни креирани од воспитно-стручниот кадар на јавните предучилишни установи, музичка и сценска поддршка за нивна изведба, ангажман на водител со искуство во културни и детски настани, логистичка поддршка за учесниците, придружни активности за децата, како и промотивни материјали за јавна видливост на настанот.

- Фестивалот е предвидено да се одржи на 18 мај 2026 година во „Паркот на франкофонијата“. Рокот за поднесување на пријавите е пет дена од денот на објавувањето на јавниот повик на веб-страницата на Општина Центар, се додава во соопштението.

Повеќе информации се достапни на веб-страницата на Општина Центар. бд/вј/

Фото: Општина Центар

You May Also Like