• Sunday, 20 October 2024

Мелони пристигна во Бејрут

Мелони пристигна во Бејрут

Бејрут, 18 октомври 2024 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони пристигна денеска во Бејрут, првата шефица на држава или влада што го посети Либан по интензивирањето на израелските напади врз земјата од крајот на септември.

Мелони, чија земја игра водечка улога во мировната мисија на ОН во Либан (УНИФИЛ) и е исто така ротирачки претседавач на Г7, на аеродромот Рафик Харири во Бејрут ја пречека нејзиниот либански колега Наџиб Микати.
Според италијански извори, Мелони се сретнала со италијанскиот командант на италијанската воена мисија во Либан (МИБИЛ), што обезбедува материјална поддршка и обука на либанската армија.

Минатата недела УНИФИЛ, кој има 10.000 мировници, ги обвини израелските трупи за „постојано“ и „намерно“ гранатирање на нивните позиции. Според УНИФИЛ, петмина мировници биле повредени, а позициите на мисијата претрпеле „голема штета“.

Мелони пристигна во Бејрут од Јордан, каде што се сретна со кралот Абдула Втори, со кого разговараше за „заедничките напори насочени кон прекин на огнот во Газа и ослободување на израелските заложници“, се вели во соопштението на нејзиниот кабинет.
Според истиот извор, двајцата лидери ја потврдиле потребата од „политички процес што води кон решение засновано на постоење на две држави“. зш/
фото ЕПА