• Monday, 28 October 2024

Манчестер јунајтед поразен од Вест Хем, има само една победа на последните осум натпревари

Манчестер јунајтед поразен од Вест Хем, има само една победа на последните осум натпревари

Лондон, 27 октомври (МИА) - Манчестер јунајтед победува само еднаш месечно. Избраниците на Ерик тен Хаг денес загубија од Вест Хем (1:2) во 9. коло од Премиер лигата.

Од 21 септември Јунајтед го совладаа само Брентфорд (2:1). Исто така во овој период имаат пет нерешени и два пораза.

На 30 октомври Манчестер јунајтед ќе го пречека Лестер во Лига Купот на Англија.

По девет кола во Премиер лигата е на 14. место. Тимот на Тен Хаг има 11 бода 12 помалку од моментално водечкиот Манчестер сити, повеќе порази од победи, гол разликата со минус три. зс/

Фото:ЕПА