• Tuesday, 29 October 2024

Македонското фудбалско дерби Пелистер - Вардар прв пат под рефлектори во Битола

Македонското фудбалско дерби Пелистер - Вардар прв пат под рефлектори во Битола

Битола, 28 октомври 2024 (МИА) - Фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, в недела прв пат ќе биде отворен за публиката да следи вечерен натпревар на кој од 19 часот, силите ќе ги одмерат Пелистер и Вардар.

Најголемото фудбалско македонско дерби ќе се игра под рефлектори со што создадени се услови и за други натпревари во вечерниот термин, вклучувајќи и настапи на македонската фудбалска репрезентација.

Општина Битола и Фудбалската федерација на Македонија како носител на проектот за рефлекторско осветлување на стадионот „Петар Милошевски“  ги финализираа активностите за центрирање и фотометрија на рефлекторското осветлување, неопходни за одигрување на ноќни натпревари на стадионот под „Тумбе Кафе“ во Битола. мт/зс/

Фото: ФК Пелистер