• Tuesday, 29 October 2024

Тен Хаг доби отказ во Манчестер јунајтед

Тен Хаг доби отказ во Манчестер јунајтед

Манчестер, 28 октомври 2024 (МИА) – Ерик тен Хаг повеќе не е тренер на Манчестер јунајтед, објавено е на официјалниот сајт на тимот од „Олд Трафорд“.

-Ние сме му благодарни на Ерик за сè што направи за нас и му посакуваме се најдобро во иднина, се вели во соопштението.

Привремен главен тренер на „Црвените ѓаволи“ е поранешниот напаѓач на тимот Руд ван Нистелрој, кој беше дел од персоналот на Тен Хаг од летото.

Вчера Манчестер јунајтед загуби на гостувањето кај Вест Хем (1:2) во натпреварот од 9. коло на Премиер лигата. Со 11 бодови, тимот се наоѓа на 14. место во англиското првенство и е 21-ви на табелата во Лига Европа.

Тен Хаг го предводеше Манчестер јунајтед од летото 2022 година. Под негово водство тимот одигра 128 натпревари, забележа 72 победи, 20 пати ремизираше и загуби на 36 средби. 

Со Манчестер јунајтед, Холанѓанецот еднаш го освои ФА Купот (2023/24) и англискиот Лига куп (2022/23). зс/

Фото: ЕПА