• Saturday, 19 October 2024

ИДФ истражува дали во Појасот Газа е убиен лидерот на Хамас, Синвар

ИДФ истражува дали во Појасот Газа е убиен лидерот на Хамас, Синвар

Тел Авив, 17 октомври 2024 (МИА) – Израелската армија (ИДФ) соопшти дека истражува дали лидерот на Хамас, Јехја ал Синвар е убиен во воена операција во Појасот Газа.

Според ИДФ за време на операција во Појасот Газа елиминирани се тројца терористи, но сè уште не може да се потврди нивниот идентитет.

- Во зградата каде што беа елиминирани терористите, немаше знаци за присуство на заложници во областа. Силите кои дејствуваат во областа продолжуваат да дејствуваат со потребната претпазливост, се наведува во соопштението на ИДФ.

Претходно на социјалните мрежи се појавија кружеа слики на кои се гледа мртво тело кое личи на лидерот на Хамас.

Синвар се смета за организатор на нападите на 7 октомври 2023 година врз Израел. ми/

фото: ДПА

You May Also Like