• Monday, 29 July 2024

ДУИ: Ниту една закана, уцена или клевета нема да не принуди да се откажеме од нашата благородна мисија

ДУИ: Ниту една закана, уцена или клевета нема да не принуди да се откажеме од нашата благородна мисија

Скопје, 28 јули 2024 

По сериозните закани и насилни пораки упатени до пратениците на ДУИ, кои не само што се закана за нашите членови, туку и директен напад врз вредностите и демократските институции на нашата земја, ги повикуваме меѓународниот фактор, медиумите, граѓанското општество да бидат будни за овој случај, како сигнал за почетокот на рушењето на демократскиот поредок во државата. 

Овие инциденти го покажуваат високото ниво на нетрпеливост и омраза што се шири низ нашето општество и тоа треба да биде осудено од сите. ВМРО-ДПМНЕ заедно со нивните вазали собрани во губитничката коалиција ВЛЕН откако го украдоа легитимитетот на албанците, го нарушија албанскиот гласач, се чини дека тоа не им е доволно и решија да се обидат да влеат страв кај гласачот на Демократската Унијата за Интеграција измислуваат теми и клевети од најразновидните организирани и добро осмислени. 

Ги повикуваме надлежните институции да ги истражат овие инциденти и да ги изведат пред правдата сите одговорни за оваа мрачна, антидемократска и незаконска кампања. 

Но, ги известуваме вазалите, губитниците на изборите, предавниците на легитимитетот на албанците, коалицијата ВЛЕН, дека ДУИ, заедно со сите свои членови, не се плаши и никогаш нема да се предаде, како што никогаш не се предала од благородната мисија да го зачува достоинството на секој албански гласач и демократскиот поредок во земјата. Нема да не одвратат вашите кампањи оркестрирани со клевети и закани, но ве предупредуваме и да се подготвите да се соочите со вашите скандали кои не престануваат веќе 1 месец владеење.

ДУИ

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива