• Monday, 29 July 2024

Димитриевски: Во Македонија постои МАНУ, која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен

Димитриевски: Во Македонија постои МАНУ, која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен

Скопје, 28 јули 2024 

Став на Максим Димитриевски, Претседател на Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија, во однос на иницијативата на ВРЕДИ за формирање Академија на науките на Албанцитево Македонија:

Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, таа има своја генеза и континуитет.
Ваквите обиди и идеи се резултат на постизборен популизам.
Во Македонија постои МАНУ како една и единствена Академија која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен.
Партнерите во власта од ВЛЕН е потребно да се свртат кон економски раст и развој на државата, подобар живот на сите граѓани на Македонија и суштинска заложба во сузбивање на криминалот и корупцијата вклучувајќи ја и политичката корупција.

За тоа е потребна и понуда на кадри со чисто минато без криминал и опашки.

Движењето ЗНАМ - ЗА наша Македонија

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: МИА архива