Германецот Јансен прв „озвучен“ тренер во историјата на фудбалот
- Тренерот на германскиот третолигаш Викторија од Келн, Олаф Јансен, ќе стане првиот тренер во професионалниот фудбал кој ќе носи микрофон за време на официјален натпревар, објави денеска компанијата „Дојче Телеком“
Берлин, 26 ноември 2024 (МИА) – Тренерот на германскиот третолигаш Викторија од Келн, Олаф Јансен, ќе стане првиот тренер во професионалниот фудбал кој ќе носи микрофон за време на официјален натпревар, објави денеска компанијата „Дојче Телеком“
Јансен ќе биде „озвучен“ на натпреварот од германската трета лига против Оснабрук на 8 декември, во дуел кој ќе го пренесува сервисот Магента спорт во сопственост на Телеком.
„Олаф Јансен на 8 декември ќе стане првиот тренер во историјата на професионалниот фудбал кој биде озвучен и со вклучен микрофон. Неговите тренерски наредби, дискусии и разговори ќе бидат слушнати со задоцнување“, објави Дојче Телеком.
Иако микрофоните на тренерите или играчите се вообичаени во други спортови како хокеј на мраз, кошарка или американски фудбал и се пораспространети во Северна Америка, тие ќе бидат новитет за германските фудбалски навивачи. ег
ФОТО: Фејсбук