• Tuesday, 07 January 2025

Гаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество

Гаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество

Скопје, 7 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши до граѓаните упати честитки по повод големиот христијански празник – Божиќ.

-Почитувани граѓани од православна вероисповед, Во името на Собранието на Република Северна Македонија Ви го честитам православниот Божиќ. Овој ден е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество: толеранцијата, солидарноста и почитта еден кон друг, наведува спикерот на Законодавниот дом во честитката.

Посакува овој празник да донесе мир, хармонија и радост во срцата на сите верници.

-Нека оваа година биде година исполнета со успех, бериќет и здравје за сите вас. Честит Божиќ!, посочува Гаши во честитката.фф/вг/

Фото: МИА Архива