• Monday, 29 July 2024

Вода за пиење немаат дел од домаќинствата во штипските населби Пребег и Три Чешми

Вода за пиење немаат дел од домаќинствата во штипските населби Пребег и Три Чешми

Штип, 28 јули 2024 (МИА) - Станбените згради и куќи во високите делови на населбата Пребег и дел од приградската населба Три Чешми немаат вода за пиење, поради тоа што нема доволен притисок. Овие домаќинствата веќе четири дена немаат вода за пиење, бидејќи во тек е изведба на главната водоводна линија, која поминува покрај булеварот „Партизнаска“, а чија доизгардба во должина од еден километар е во тек.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека при реконструкцијата на главната водоводна линија, која е стара половина век се појавија одредени проблеми при изведбата.

Тој најави дека во наредните денови ќе има редуцирано водоснабдување во неколку населби во Штип се додека не се реши овој проблем. вдј/дма/

Фото: МИА