• Friday, 18 October 2024

Велешанец ограбен и нападнат со електрошок

Велешанец ограбен и нападнат со електрошок

Велес ,16 октомври 2024 (МИА) - Велешанец денеска во својот стан е ограбен и нападнат со електрошок. Случајот е пријавен во Полициска станица на Секторот за внатрешни работи Велес.

На повредениот велешанец прва медицинска помош му пружила екипа на Итна медицинска помош, која потоа го пренела во Општа болница Велес.

Како што информира портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес д-р Билјана Босилкова, состојбата на повредениот пациент ја утврдиле специјалисти хирург и психијатар. 

-На пациентот на Хирушко одделение направи интервенција на повреда на главата и откако ја санираше беше повикан колега специјалист психијатар кој констатираше подобрување на здравствената состојба. Потоа, по амбулантското третирање, пациентот беше пуштен на домашно лекување, информира д-р Босилкова.
 Од СВР Велес информираат дека  дека полициски службеници работат на случајот за пронаоѓање на крадците и пленот од кражбата.ад/бт/

Фото: МИА