• Friday, 18 October 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 17 октомври 2024 (МИА) - Денеска во 10:40 часот на граничен премин „Табановце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Н., на возраст од 70 години од Република Турција.

МВР денеска соопшти дека при гранична контрола било констатирано дека патничкото возило „мерцедес“ со полуприколка со турски национални ознаки, што го управувал, регистарските таблички биле фалсификувани. Кај возилото се појавуваат два различни PKV броеви, типската налепница е дополнително лепена, а во ВИН бројот се забележуваат механички делувања. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 15 часот во атар на беровско Русиново, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор - Пехчево го затекнале Ј.Р., на 62-годишна возраст од струмичко Дабиље, при кроење на бесправно исечени букови стебла, штп се нежигосани и без соодветна документација.

Дрвата и моторната пила се одземени и дадени на ЈП „Национални шуми“, подружница Шумско стопанство „Малешево“ - Берово. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, ќе следува соодветна пријава.

Вчера во 14:20 часот на граничен премин - Меѓународен аеродром - Скопје, на излез од државата, полициски службеници го привеле 45-годишниот O.C. од Република Tурција, затоа што при гранична контрола било констатирано дека го пречекорил престојот во Република Северна Македонија.

Тој бил предаден на Регионалниот центар за грнаични работи Север - Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.

Вчера во 15 часот во ОВР - Гостивар, од гостиварскиот Ургентен центар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди биле донесени Р.А., на возраст од 53 години од село Дебреше, гостиварско и Ш.А.(49), С.А.(22) и С.А.(33), тројцата од овој град.

Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при извршување градежни работи на објект за фирма на улица „ЈНА“ во Гостивар. Известени биле јавен обвинител и трудова инспекција, а увид на лице место извршила екипа од ОВР - Гостивар.  

Синоќа во 20:20 часот во ОВР - Кавадарци, од болницата во градот, пријавено било дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.И., на возраст од 45 години од овој град.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фирма во Кавадарци. Увид бил извршен и за настанот бил известен трудов инспектор.

Денеска во 1:50 часот во село Сарај, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го привеле Б.С., 34-годишен скопјанец, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 20:40 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници го привеле С.Ц., 55-годишен скопјанец, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 20 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници го привеле З.С., на 59-годишна возраст од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 11 часот во село Визбегово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода Ј.Д., на возраст од 45 години од главниот град на државава, затоа што околу 9:55 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, со пиштол го удрил Т.П., 49-годишен сограѓанин.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 8:20 часот во Полициската станица - Пробиштип, Д.Х., на возраст од 61 година од село Стрмош, пробиштипско, пријавил дека околу осум часот на паркинг простор на Градскиот пазар бил физички нападнат од З.Х., 45-годишно лице од струмичко Василево.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 19:30 часот во СВР - Скопје, Ј.С., 62-годишен скопјанец, пријавил дека околу 18 часот на подрачјето на Центар, по претходна сообраќајна незгода, бил физички нападнат од И.А., 36-годишен сограѓанин, кој употребил и тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 22 часот во Полициското одделение - Сарај било пријавено дека во село Љубин, по претходно нерасчистени имотно - правни односи,  бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу О.Н., на 34-годишна возраст од село Сарај и А.С., 31-годишно лице од Љубин.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 20:45 часот во Полициската станица - Гази Баба, Д.Л., 55-годишна жена од село Петровец, скопско, пријавила дека околу 12:20 часот на работното место во приватна фирма на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот колега Б.„Н“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Вчера во 14:30 часот во СВР - Штип, Б.К., 44-годишна жена од овој град, пријавила дека на 12 октомври, пред влез на станбена зграда во градот, таа и нејзината малолетна ќерка биле физички нападнати од нивната сосетка К.М..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во СВР - Битола, Г.К., 44-годишен битолчанец, пријавил дека на улицата „Бурса” бил каснат од куче скитник.

Вчера во СВР - Битола, Б.З.К., 41-годишна битолчанка, пријавила дека во Градскиот парк, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

СВР - Тетово поднесе кривична пријава против Е.М., на 19-годишна возраст од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.

На 11.10.2023 на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници запреле патничко возило „смарт“, што го управувал, каде се превезувале двајца малолетници, при што едниот од нив фрлил марихуана од прозорец, што му ја дал пријавениот.

СВР - Куманово поднесе кривична пријава против А.Љ., на возраст од 37 години од село Сопот, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

На 14 октомври, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор - Сопот и Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија - Куманово го затекнале како во патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, превезува две лица - мигранти од Република Турција од обиколница Табановце до Сопот.

СВР - Куманово поднесе кривична пријава против М.T., 31-годишник од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и против Б.К., 44-годишно лице од Скопје, вработено во Царинската управа на Република Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На 21 март, М.Т. влегол во државата на граничниот премин „Табановце“ со патничко возило „мерцедес спринтер“, каде превезувал разни предмети во вкупна вредност од 338.494 денари, а што не ги пријавил за царинска контрола со што избегнал да плати вкупно 87.227 денари. Истиот ден, Б.К. извршил царински надзор и контрола при премин на М.Т. и патничкото возило, а притоа пресметал и платил износ од 4.641 денари, што заверил со свој печат и потпис. Исто така, му овозможил на првопријавениот да внесе две ќеси со семенски материјал, за чиј увоз, не поседувал посебна дозвола.

СВР - Штип поднесе кривична пријава против Ш.K., М.K., М.K., А.K., А.K., М.Ќ. и Џ.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ во група, и против М.Ќ., А.К, М.К, А.К., М.К., Е.Д., Џ.Д, Џ.Ј., М.К., А.Ј., Е.Д., Д.Ј., Џ.Ј. и Ѓ.Ј, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ со последица тешка телесна повреда.

На 12 јули во Штип, пријавените, членови на две семејства, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а употребиле и разни предмети.  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Кочани поднесе кривична пријава против В.З., 24-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство врз дете“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 15 октомври, во двор на средно училите во Кочани, пријавениот физички нападнал малолетник од населбата Оризари, а при негово приведување, физички нападнал полициски службеник. бд/цр

Фото: МИА архива