• Tuesday, 24 December 2024

Валенсија го отпушти тренерот Бараха

Валенсија го отпушти тренерот Бараха

 

Валенсија, 23 декември 2024 (МИА) – Шпанскиот фудбалски прволигаш Валенсија, во чиј редови настапува македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, денеска го отпушти тренерот Рубен Бараха.

„Бараха е една од најголемите легенди во историјата на Валенсија. По неговото пристигнување во февруари 2023 година, тој помогна да се стабилизира тимот, да се надмине комплицираната ситуација, а минатата година придонесе за имплементација на конкурентните вредности кои ја доближија Валенсија до борбата за европските позиции практично до последните денови од шампионатот. Динамиката на резултатите во текот на оваа сезона бараше одлука која беше многу тешка за носење, но која има за цел да ја сврти ситуацијата и да постигне подобар резултат“, објави Валенсија.

Во клупското соопштение не се наведува кој ќе го замени Бараха.

Валенсија го зазема претпоследното, 19. место на табелата во Ла Лига со 12 бодови.

Бараха го носеше дресот на Валенсија од 2000 до 2010 година, одигрувајќи 364 натпревари на кои постигна 57 голови. ег

ФОТО: Фејсбук