Норвежанецот Хауган најбрз на слаломот во Алта Бадија
- Норвешкиот скијач Тимон Хауган победи на денешниот слаломот од Светскиот куп во алпско скијање што се одржа во италијанскиот зимски центар Алта Бадија.
Алта Бадија, 23 декември 2024 (МИА) – Норвешкиот скијач Тимон Хауган победи на денешниот слаломот од Светскиот куп во алпско скијање што се одржа во италијанскиот зимски центар Алта Бадија.
Хауган беше најбрз и по првото возење, а победи со вкупен резултат 1:45,40 минути. Тоа е негова втора победа во кариерата на Светскиот куп.
Второто место го зазеде Швајцарецот Лоик Мајер со заостанување од 1,13 секунди, а трет беше Норвежанецот Атл Ли Мекграт со заостанување од 1,26 секунди.
Норвежанецот Хенрик Кристоферсен, кој трката ја заврши на четвртото место, остана лидер во поредокот за слалом со 270 бодови, пред Мејар кој има 245 и Французинот Клемент Ноел со 240 бодови.
Светскиот куп во скијање продолжува следниот викенд со спуст и супервелеслалом во Бормио. ег
ФОТО: Фејсбук