• Tuesday, 24 December 2024

Џиро д‘ Италија во 2025 ќе стартува од Албанија

Џиро д‘ Италија во 2025 ќе стартува од Албанија


Тирана, 23 декември 2024 (МИА) – Албанија ќе биде домаќин на стартот на меѓународната велосипедска трка „Џиро д’Италија“ следната година, соопштија денеска организаторите.
Првите три етапи ќе се возат во Албанија од 9 до 11 мај.
Првата етапа ќе стартува во пристанишниот град Драч и ќе заврши во Тирана по ридско возење од 164 километри.
Тирана ќе биде домаќин на втората етапа, во должина од 13,7 километри хронометар, поединечно, а потоа, третата етапа, исто така, ќе биде ридско возење од 160 километри што започнува и завршува во приморскиот град Валона.
По ден одмор, трката ќе се пресели во Италија, а целата рута за Џиро 2025 ќе биде објавена во јануари. ег
ФОТО: Фејсбук