• Monday, 29 July 2024

„Боемска улица" вечерва во Кавадарци 

„Боемска улица

Кавадарци, 27 јули 2024 (МИА) - ,,Боемска улица" е насловен настанот што вечерва се реализира  во Кавадарци, во организација на Здружението ,,Винотек" што се залага за промоција на производите од грозје и винскиот туризам, со поддршка на кавадаречката локална самоуправа.  

- Боемска улица и боемско дружење се потребни на секоја урбана средина. Нашиот град Кавадарци има многу причини да ја има и да ја негува. Порано бевме познати по незаборавните серенади, што со времето згаснаа. ,,Боемската улица како настан што е поддржан од Општина Кавадарци, е дел од Кавадаречкото културно лето и на одреден начин ќе не врати и подсети на тие убави времиња. Очекуваме многу гости на улицата ,,Зелен пазар" во Кавадарци, каде со песна, поезија  и дружба ќе се потсетиме на многу заборавени нешта, вели Јован Еленов, претседател на Здружението. 

Тој најави и други интересни проекти за во иднина. свд/


Фото : МИА архива