• Friday, 18 October 2024

Бајден замина во посета на Германија

Бајден замина во посета на Германија

Вашингтон, 17 октомври 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден отпатува во кратка посета на Германија, каде што има намера да ја истакне важноста на односот со тој европски сојузник.
Се очекува Бајден да побара Германија да продолжи да и помага на Украина, без оглед на исходот од претстојните избори во САД.

Украина ќе биде во центарот на утрешните разговори на Бајден со германските претставници, бидејќи руското бомбардирање на клучната украинска инфраструктура се интензивира и украинската војска се повлекува на источниот фронт.

Бајден ќе има и четиринасочна средба со неговиот француски колега Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот премиер Кир Стармер, објави Белата куќа.

На дневен ред ќе биде и ситуацијата на Блискиот Исток. зш/
фото ЕПА

You May Also Like