Хуманитарен Велигденски концерт „Хуманоста има звук“ организираат волонтерите во Црвен крст Тетово
- Средствата кои ќе се соберат од продажбата на влезниците за концертот ќе се наменат за проектите кои волонтерите ги спроведуваат во рамки на Програмата ЦКА-ПХВ, односно за корисниците кои се во социјален ризик.
Тетово, 2 април 2026 (МИА) - Волонтерите од Црвен Крст Тетово, дел од Програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности), на 7 април организираат хуманитарен концерт насловен „Хуманоста има звук“.
Средствата кои ќе се соберат од продажбата на влезниците за концертот ќе се наменат за проектите кои волонтерите ги спроведуваат во рамки на Програмата ЦКА-ПХВ, односно за корисниците кои се во социјален ризик.
-Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово на 7 април, вторник со почеток во 18 часот и 30 минути. Билети за концертот ќе може да се купат во пицерија Форум по цена од 150 денари. Дел од билетите ги понудивме преку училиштата како и од штанд пред Центарот за култура, информираат волонтерите од Црвен Крст Тетово дел од Програмата ЦКА-ПХВ.

На концертот предидено е да настапат детскиот хор Крешендо, КУД Брвеница, ОУ „Гоце Делчев“-Тетово паралелка 3/3, Никола Стојаноски, Ивана Давидовски, Јован Хаџиев, Лука Тодороски и Ванеса Митевска. ас/dma/
Фото: Црвен крст Тетово