• e premte, 03 prill 2026

Во Делчево одржана работилница за социјално претприемништво за млади

Во Делчево одржана работилница за социјално претприемништво за млади

Делчево, 2 април 2026 (МИА) - Во Делчево денес се одржа интерактивна работилница на тема „Социјално претприемништво“, наменета за млади кои сакаат да научат како да креираат идеи што носат општествена промена и одржлив развој. Се работи за четвртата работилница од проектот „Моја идеја наша реализација – Младински ХАБ – Млади исток“, кој што се спроведува од страна на здружението Надеж - Норе од Македонска Каменица.

-Проектот, Моја идеја наша реализација – Младински ХАБ „Млади исток“ има за цел формирање на младински хаб кој ќе обезбеди знаења, вештини, менторство и поддршка за развој на социјални претпријатија раководени од млади. Целна група и корисници се младите од општините Македонска Каменица, Виница и Делчево кои на настанот присуствуваа во бројка од околу 20 млади лица од Делчево, претставници на останати невладини организации и општествени институции, информираа организаторите.

На настанот, од страна на експертот Зоран Биковски, беше извршена обука на младите за Менаџирање на социјалните претпријатија и развој на бизнис идеја, Правни аспекти и финансиско управување со социјалните претпријатија, Социјални иновации и унапредување на претприемачките вештини, Обука на млади претприемачи за социјално претприемништво, Изработка на Канвас и бизнис план, Пристап до фондови и современи извори на финансирање.

Активностите во рамки на оваа работилница се дел од проектот ‘RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија’ имплементиран од страна на Младински Сојуз – Крушево во соработка со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023. вс/дма/

Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR