Под мотото „Сите сме дел од истата слика“ во Велес одбележан светскиот Ден за свесноста за аутизмот
- Претставници на Општина Велес и градоначалникот Марко Колев заедно со деца со аутизам денеска во Градскиот парк во Велес со сложувалка изработија слоган „Сите сме дел од истата слика, како поддршка на локалната власт за овие деца и млади“.
Велес, 2 aприл 2026 (MИA) – Претставници на Општина Велес и градоначалникот Марко Колев заедно со деца со аутизам денеска во Градскиот парк во Велес со сложувалка изработија слоган „Сите сме дел од истата слика, како поддршка на локалната власт за овие деца и млади“.
Како што информира попладнево градоначалникот Колев, на денешниот ден - 2 април кога го одбележуваме Светскиот ден за свесноста за аутизмот, притоа се потсетуваме на посебните, прекрасните, најемотивните помеѓу нас - лицата со аутизам
-Аутизмот не доаѓа со упатство, туку со семејство што никогаш не се откажува и опкружување што знае да поддржи. Борбата е секојдневна, а одговорноста е на сите нас: заедно да ја составиме сликата на свесност, на разбирање и поддршка, потенцира Колев.
Инаку Општина Велес во изминатите години во сите училишта и градинки во Велес опреми соби за децата со аутизам, вклучени во редовната настава и со престој во градинка.
Велешката Спомен костурница од НОВ деновиве свети во сите бои за поддршка на лицата со ретки болести, а вечерва ќе свети во сино во знак на поддршка на лицата со аутизам. ад/дма/
Фото: Општина Велес