• e premte, 27 dhjetor 2024

Формирана работна група за увид во состојбата на Спомен дом на Разловечкото востание

Формирана работна група за увид во состојбата на Спомен дом на Разловечкото востание

Делчево, 26 декември 2024 (МИА) - Со цел достојно одбележување на 150-годишнината од Разловечкото востание (1876 – 2026), првиот востанички организиран отпор за слобода на македонскиот народ, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, формираше работна група која треба да направи увид во состојбите во објектот на Спомен-домот на Разловечкото востание во село Разловци, Општина Делчево, соопштија денеска од Министерството.

Работната група, составена од претставници од Министерството за култура и туризам, од Музејот на С Македонија и од Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево, како што додадоа оттаму во текот на вчерашниот ден направи првичен увид, а во следниот период треба да понуди предлог-концепт за обнова, ревитализација и реконципирање на поставката посветена на Разловечкото востание, како и за обнова на целиот објект на Спомен-домот кој е дел од Центарот за култура во Делчево.

Објектот „Спомен-дом на Разловечкото востание“ е изграден во 1981 година и е дело на истакнатиот македонски архитект Георги Константиновски. вс/сст/


Фото: Министерство за култура

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR