• e premte, 27 dhjetor 2024

Македонскиот олимписки комитет ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2024 година

Македонскиот олимписки комитет ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2024 година

Скопје, 26 декември 2024 (МИА) - Македонскиот олимписки комитет ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2024 година на најуспешните спортистки, тренерки и спортски работнички. 

Најуспешна спортистка за оваа година е Милијана Рељиќ, која стигна до четвртфиналето во таеквондо на Летните Олимписки Игри 2024 во Париз, Франција. За најнадежна млада спортистка беше прогласена Марија Димовска, која освои прво место во кикбокс маитаи на Светското Првенство во Будимпешта, Унгарија.

Признанието за женски тренер на годината го поделија Ивана Аврамова (карате) и Жаклина Стојановска (кошарка). 

За најистакната спортска работничка беше прогласена Соња Спасовска од Кошаркарската федерација на Северна Македонија. 

Федерацијата која покажа посветеност и лидерство во унапредување на родова еднаквост за 2024 година е Фудбалската федерација на Македонија.
Признанието за најуспешно женско судиско дуо за 2024 година го добија Силвана Карбевска и Марија Илиева во ракомет. 

Кикбокс маитаи тимот на Македонија беше прогласен за федерација со најголеми успеси.

Спортски подвиг на годината изведе Радмила Јованова, ултрамаратонка, додека наградата за животно дело ја доби Луиза Гашева. 
Медиумот кој најмногу се залага за спортот во женска категорија е Спортско радио 90,3, а Ребека Јанковска Ристески беше наградена за нејзината заложба за деца со попреченост.
Признанија добија и Црвениот Крст, Волонтерскиот центар Скопје, Интернационалната полициска организација (ИПА) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за нивната поддршка и придонес во спортот. ар/нд/

Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR