• e premte, 27 dhjetor 2024

Хуманитарно празнично дружење на градскиот плоштад во Дебар

Хуманитарно празнично дружење на градскиот плоштад во Дебар

Дебар, 26 декември 2024 (МИА) - Во центарот на Дебар, на градскиот плоштад, попладнево беше отворено хуманитарното празнично дружење, што се одржува по иницијатива на Здружението „Рајчица“, во соработка со општина Дебар.

Ваков настан за првпат се одржува во градот, кој побуди навистина голем интерес кај дебрани, кои можеа да купат разни слатки по поволни цени, можеа да донираат и средства кои ќе бидат насочени кон хуманитарни активности за поддршка на најранливите категории.

-Навистина прекрасна идеја, самите гледате не има и возрасни и мали, ние можеби ќе дадеме скромни средства но сите заедно за некого се многу. Среќен сум што со синот Реи сум тука, купивме крофни на кои многу се израдува. Вакви дружења посакувам да бидат почести. Посакувам среќени празници, здравје и благосостојба за сите, рече за МИА, Генци Садику, професор од Дебар.

Истото мислење го дели и Ленче Ангеловска, која со двете дечиња беше на плоштад а задоволството не го кријат ниту претставнците на организаторот.

-Особено сме задоволни што на Дебар му се случува еден ваков настан, кој обедини толку многу граѓани без оглед на нивната етничка или религиска припадност - и деца и возрасни, и тие што тука живеат, и дојденците кои се специјално во градот по повод празниците. Интересот, како што и очекувавме, е огромен. Ова е вистинска културна револуција, прекрасна празнична иницијатива по идеја на Здружението Рајчица, поддржана од страна на Општина Дебар, која е предводена од градоначалникот Хекуран Дука, изјавија за МИА од Здружението „Рајчица“.

Хуманитарно празнично дружење има и утре од 16 до 19 часот, и во сабота од 11 до 16 часот, кога најмладите покрај другото ќе имаат можност бесплатно да се фотографираат со маскоти, жонглери и Дедо Мраз. вт/сст/

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR