• e premte, 27 dhjetor 2024

Прекината седницата на Советот на Општина Делчево на која требаше да се разгледува Буџетот за 2025 година

Прекината седницата на Советот на Општина Делчево на која требаше да се разгледува Буџетот за 2025 година

Делчево, 26 декември 2024 (МИА)  - Во Делчево денеска беше прекината 42-та седница на Советот на Општина Делчево на која меѓу останатите точки, на Дневен ред требаше да се најде и точката за Буџетот на Општината за 2025 година. 

Седницата беше прекината по претходна консултација со координаторите на советничките групи на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и Левица, по што претседателот на Советот Гоце Попов, истакна дека дополнителни јавноста ќе биде известена кога ќе биде закажана нова Седница.  

Претходно советниците усвоија повеќе одлуки од областа на урбанизмот, како и Програмите за спорт, за поддршка на граѓанскиот сектор, за извршување на јавни работи, за извршување на активностите на Општина Делчево од областа на превенција, заштита и спасување од елементарни и други непогоди. 

Советниците позитивно се произнесоа и за Програмата за работа на Советот на Општина Делчево за 2025 година, а усвоени беа и повеќе  одлуки за финансиска поддршка на спортски клубови и поединци и социјално загрозени граѓани..

На Седницата не присуствуваше градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој за неговото отсуство во писмено соопштение беше прозванза негвото отсуство од страна на советниците на ВМРО ДПМНЕ и Левица. вс/сст/


Фото: МИА

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR