• e mërkurë, 08 janar 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 7 јануари 2025 (МИА) - Вчера во 13:30 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Д.К.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 09:45 часот, полициски службеници од СВР Битола, со судска наредба, извршиле претрес во дом на М.К. (42) во Битола, при што е пронајдена и одземена грутчеста материја. М.К. е приведен во Полициска станица Битола, а по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Денеска во 01:10 часoт полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.А. (35) од Куманово, затоа што при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 05.01.2025 околу 22 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода  А.И.(30), С.К.(26), двајцата од Велес и Б.С.(28) од Кавадарци. Имено, на наплатна станица „Сопот“,, при контрола на патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.А., а сопатници биле С.К. и Б.С., кај С.К. бил пронајден и одземен хероин. С.К бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.  По документирање на настанот, против С.К. е поднесена кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од КЗ,  и по наредба од Основен суд Велес, на 06.01.2024, тој бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје-Скопје за издржување на изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Вчера во 16:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Борис Кидрич“ со бул.„Благоја Тоска“ во Тетово патничко возило удрило во Г.Ј.(66) од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.Ј., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 10 часот вчера во Полициското одделение Сарај, А.А.(53) од с.Сарај, скопско пријавил дека на ул.„20“ во с.Сарај, скопско, бил каснат од куче скитник.

Вчера во 10:30 часот во Полициската станица Центар, И.Р.(60) од Скопје, пријавил дека на ул.„Кеј 13 Ноември“ во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Во 14:30 часот вчера во Полициското одделение Шуто Оризари, А.Р.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје, бил каснат од куче скитник.

Вчера во 17:20 часот во Полициската станица Центар, Н.П.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Народен фронт“ во Скопје бил каснат од куче скитник.фф/

Фото: МИА Архива

QËNDRONI TË LIDHUR