• e enjte, 09 janar 2025

Ѓорѓиевски: Инвестициите во најмладите се наша директна инвестиција во иднината

Ѓорѓиевски: Инвестициите во најмладите се наша директна инвестиција во иднината

Скопје, 8 јануари 2025 

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, денеска ги посети градинките низ територијата на општината од каде што информираше дека годината ја започнува со инвестиции во раниот детски развој. Како што изјави, набавени се нови јаслени креветчиња за сите градинки, како и нови постелнини и јоргани. Набавена е и нова кујнска опрема и машини за перење и сушење, како и пречистувачи на воздух.

-Оваа година, како и сите претходни, ја започнуваме со огромен фокус во обезбедување на поквалитетни услови за развој на нашите најмлади жители.

Инвестираме во унапредувањето на условите во постоечките градинки, но работиме и на изградба на нови, бидејќи раниот детски развој е исклучително важен за нас како локална самоуправа.

Со особена гордост сакам да информирам дека обезбедени се нови јаслени креветчиња за сите објекти на градинките на територијата на Кисела Вода, како и нови постелнини и јоргани.

Понатаму, набавени се и нови материјали за работа на дечињата кои ги посетуваат градинките, што ќе обезбедат подобра игра и развој на најмладите.

Интервениравме и во делот на обнова на кујните со набавка на нова и  современа кујнска опрема, како и нови машини за перење и сушење.

За нашите цврсти заложби за заштита на здравјето на идните генерации и создавање на здрави еколошки навики, говори и опремувањето со пречистувачи на воздух, кои значително ќе помогнат во намалувањето на штетните честички во просториите каде децата го поминуваат поголемиот дел од денот.

Секое дете заслужува право на квалитетно предучилишно образование и тоа е наша обврска, но и силна желба да го овозможиме.

Продолжуваме со посветеност и визија понатаму, затоа што нашите најмлади, но и нашето општество тоа го заслужуваат! – изјави Ѓорѓиевски.

 

Општина Кисела Вода 

_________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: Општина Кисела Вода

 

QËNDRONI TË LIDHUR