МВР: Приведени двајца криминалци со централна потерница во Скопје
- Полицијата во Скопје привела двајца криминалци кои биле барани со централна потерница за издржување затворски казни, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
- Post By Ангела Рајчевска
- 21:17, 8 janar, 2025
Скопје, 8 јануари 2024 (МИА) - Полицијата во Скопје привела двајца криминалци кои биле барани со централна потерница за издржување затворски казни, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Во соопштението стои дека едниот криминалец бил лишен од слобода вчера в 20:55 часот на улица „Христијан Тодоровски Карпош“. Тој бил баран со централна потерница за издржување затворска казна од две години за сторено кривично дело во врска со чл.247 од КЗ.
Додека, денеска бил приведен и А.С. (29) од Скопје, кој бил баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од три години и четири месеци за сторено кривично дело по член 215 ст.1 од КЗ.
Од МВР велат дека лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено поправни установи. ар/нд/
Фото: МИА архива