• e enjte, 09 janar 2025

Кузеска: Христовски нема сертификат од НАТО

Кузеска: Христовски нема сертификат од НАТО

Скопје, 8 јануари 2024 (МИА) - СДСМ денеска на прес-конференција повторно го отвори прашањето за НАТО сертификатот на директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски. Портпаролката на партијата Богданка Кузеска рече дека проверките за издавање на безбедносни сертификати ги вршат исклучиво домашните безбедносни институции, а тоа се АНБ и МВР. 

Според неа, последната манипулација што власта ја сервира е дека Христовски наводно поседувал сертификат од НАТО за да се одбегнат одговорите на, како што кажа, суштинските прашања „а тоа е дали Христовски воопшто ги исполнува условите да биде на оваа висока позиција“. 

- Проверките за издавање на безбедносни сертификати ги вршат исклучиво домашните безбедносни институции, а тоа се АНБ и МВР. Постапката е јасно дефинирана: институцијата каде што работи лицето доставува барање до Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, по што се спроведуваат потребните проверки. А тие проверки за цивилни лица ги спроведуваат АНБ и МВР, а не НАТО. Значи, во случајот со Бојан Христовски, токму АНБ каде што тој е именуван за директор поднела барање и токму АНБ спровела безбедноста проверка на својот директор, рече Кузеска.

Ова, според портпаролката на партијата, ја открива целата манипулација на власта.

- Прашањето е зошто по секоја цена, по сите можни скандали, власта го турка Христовски и ревносно го штити. Христовски беше именуван за директор на АНБ без соодветен безбедносен сертификат од ниво „државна тајна“. Согласно член 10 став 1 од Законот за АНБ безбедносниот сертификат е услов за да биде именуван за директор. Се уште е отворено прашањето и за сертификатот за англиски јазик од Пловдив Бугарија, од непостоечка агенција. Отворено е и прашањето за валидноста на дипломата на Христовски, рече Кузеска.

Одлуката на ДКСК, како што вели, е целосно компромитирана и затоа Јавното обвинителство не смее уште да молчи.

Опозициската партија обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ создава „паравласт, ги крши законите за да ги партизира безбедносните институции“.

СДСМ, потенцираа таа, ќе продолжи да инсистира на целосна транспарентност и правна разрешница за овој случај. ев/бак/

Фото: СДСМ

QËNDRONI TË LIDHUR