• e mërkurë, 08 janar 2025

Лајчак: Горд сум на соработката меѓу ЕУ и САД

Лајчак: Горд сум на соработката меѓу ЕУ и САД

Брисел, 7 јануари 2025 (МИА) - Мирослав Лајчак, кој заминува од функцијата специјален претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, изјави дека е горд на соработката помеѓу ЕУ и САД за време на неговиот мандат.

Тој синоќа на социјалната мрежа Икс напиша за средбата со заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Александар Касаноф и помошникот државен секретар Џејмс О'Брајан.

„Мојата прва мисија во 2025 година ме одведе во САД. Во Вашингтон имав опсежна дискусија за Западен Балкан со Касаноф. Горд сум на одличната соработка меѓу ЕУ и САД за време на мојот мандат“, напиша тој.

Мандатот на Лајчак како претставник на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија истекува на крајот на јануари, а ЕУ потврди дека процесот на избор на неговиот наследник е во тек.

Во петокот, на 3 јануари, истече рокот за поднесување кандидатури, по што високата претставничка за надворешна политика и безбедност Каја Калас ќе избере кого да именува за специјален претставник на ЕУ за дијалог.

Меѓу најспоменуваните имиња се поранешниот министер на Финска, Пеко Хависто и дипломатот од Данска, Петер Соренсен. ссм/

фото: архива

QËNDRONI TË LIDHUR