Изложбен собир на ретки предмети од историјата на светскиот и македонскиот фудбал
- Во Радовиш се одржа „Macedonia Collectors Show“, изложбен собир на колекционери на албуми, сликички, картички, биндери, автограми и сродна меморабилија.
Скопје, 22 декември 2024 (МИА) – Во Радовиш се одржа „Macedonia Collectors Show“, изложбен собир на колекционери на албуми, сликички, картички, биндери, автограми и сродна меморабилија.
Како што посочуваат организаторите, на едукативно-информативната изложба биле презентирани ретки уникатни предмети од историјата на светското и македонското фудбалско колекционерство.
– Најголемите колекционери ширум целата држава, со своите квалитетни и многубројни колекции дадоа придонес во успешна промоција на настанот. Најмлада популација како таргет група беше успешно опфатена и инволвирана како од информативен така и од едукативен аспект. Во рамки на настанот, сите посетители имаа можност да учествуваат во едукативно-информативна изложба на која беа презентирани ретки, уникатни и занимливи предмети од историјата на светското и македонското фудбалското колекционерство, соопштија од организацијата.
Специјални гости на настанот беа Диме Димов, Јовица Трајчев, како и Иван Николов капитен на младинската У-21 репрезентација. ра/нд/
Фото: „Macedonia Collectors Show“