• e martë, 24 dhjetor 2024

Фетаи: Владеењето на правото е основа на нашата иднина

Фетаи: Владеењето на правото е основа на нашата иднина

Скопје, 23 декември 2024 (МИА) - На состанок на Работниот комитет за Националната развојна стратегија 2024-2044, вицепремиерот задолжен за добро владеење Арбен Фетаи ја потенцирал важноста на владеењето на правото „како основа за демократско, одржливо и развиено општество“.

Како што соопшти Кабинетот на Фетаи, вицепремиерот истакнал дека „владеењето на правото не е само принцип, туку тоа е темел врз кој се гради нашата иднина.

-Без независен, транспарентен и непристрасен правен систем, одржливиот развој е невозможен, изјавил Фетаи.

Тој изразил „загриженост за постојаните предизвици, како што се политичките интервенции во судскиот систем, одложувањата во судските случаи и недостатокот на ефикасност од страна на судиите и обвинителите“.

Фетаи нагласи дека последниот извештај на Европската комисија за нашата земја е „јасен повик за итна акција“ и побарал тесна соработка меѓу институциите, академската заедница и меѓународните партнери „за справување со овие предизвици и за градење доверлив и одржлив правен систем“. 

-Време е за храбри акции, за вистински и мерливи реформи. Нашиот успех зависи од нашата посветеност за изградба на држава каде што правдата и развојот одат рака под рака, заклучил Фетаи. хс/аа/

Фото: Кабинет на вицепремиерот задолжен за добро владеење 

QËNDRONI TË LIDHUR