Во прекин сообраќајот на патниот правец Охрид-Ресен поради сообраќајна незгода
- Претходно поради врнежи од снег на патниот правец Ресен - Охрид преку планинскиот превој Буково и на патниот правец Битола - Ресен преку планинскиот премин Ѓавато беше воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Скопје, 23 декември 2024 (МИА) - Сообраќајот на патниот правец Охрид-Ресен, од 16:15 часот е во прекин поради сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.
Претходно поради врнежи од снег на патниот правец Ресен - Охрид преку планинскиот превој Буково и на патниот правец Битола - Ресен преку планинскиот премин Ѓавато беше воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила. аа/ев/
Фото: МИА архива