Избрана фирма изведувач за реконструкција на една од главните велешки улици „11 Октомври“
- Избрана е фирма изведувач за целосна реконструкција на фреквентна улица „11 Октомври“ во новиот дел на Велес, а која води до повеќе станбени згради ,до Трговскиот центар и Мало пазарче, и маркетите и угостителски и трговски објекти во овој дел од градот. Финансиските средства се обезбедени во соработка со Владата и Министерството за транспорт, информира денеска градоначалникот Марко Колев.
Велес, 3 февруари 2026 (МИА) - Избрана е фирма изведувач за целосна реконструкција на фреквентна улица „11 Октомври“ во новиот дел на Велес, а која води до повеќе станбени згради, до Трговскиот центар и Мало пазарче, и маркетите и угостителски и трговски објекти во овој дел од градот. Финансиските средства се обезбедени во соработка со Владата и Министерството за транспорт, информира денеска градоначалникот Марко Колев.
Воедно најави дека градежните зафати ќе започнат со создавање на поволни временски услови за работа на терен.
Инаку оваа улица е еднонасочна и во голем дел коловозот е многу оштетен од бројните возила, а со години наназад не е реконструирана. ад/аа/
Фото: Општина Велес